еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за лице од Кочани за ширење лажна вест дека е позитивно на корона вирусот

Кочанската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лице од Кочани кое на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивно на коронавирусот.

По добиеното известување, полициските службеници го испитале случајот и поради основани сомненија дека е прекршен членот 206 од Кривичниот законик во врска со здравствените прописи за време на епидемија, поднесена е пријавата.

„На 31 март пријавената на својот профил на социјалната мрежа фејсбук направила достапна за јавноста лажна вест дека е заразена со КОВИД-19 и ги повикува сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување на заболеност. Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот“, се истакнува во известувањето од Органот за внатрешни работи – Кочани.

Од полицијата дополнуваат дека ширењето лажни вести ја компликува и онака сложената состојба со заштитата од КОВИД-19.

Според надлежните, мерката што е преземана е јавна опомена дека во услови кога секој има свој слободен простор на социјалните мрежи, треба внимателно да се однесува и да не внесува немир и паника во јавноста.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот

Медицинска сестра од Клиниката за пулмологија позитивна на коронавирусот

Вкупно 11 починати од корона вирусот: Почина 65-годишната жена од Лабуништа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени две девојки од Куманово откако со возило удриле во канделабра во Охрид

Редакција

Охриѓанец пронајден починат во својот дом

Редакција

76-годишен човек починал во Дом за стари лица, телото предадено на обдукција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница