Регионален центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“, информира МВР.
Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Врие“ од обиди за влез во земјава со лажни ПЦР тестови преку скопскиот аеродром