еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за полициски инспектор: Од невнимание пукал во канцеларија

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.С., инспектор во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик, информира МВР.

Пријавениот, на 02.06.2020 во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.

Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност преде надлежната комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со остар предмет и се заканувал на вработена во ковид-центарот во скопскиот клинички центар

Редакција

Вработен во угостителски објект во Скопје нападнал 10-годишно дете

Редакција

Вработен во ЈСП – Скопје заразен со корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница