еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Македонски брод

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

На 03.03.2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крадци и ја укрaле чантата од мотор во движење во Аеродром

Редакција

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Редакција

(ФОТО) Нивото на водата на Преспанско Езеро е намалено за повеќе од три метри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница