еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава за поткуп за гласови во Делчево

Во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35), кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на денешните избори.

Како што информира преку соопштение, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, известено е Основното јавно обвинителство во Делчево и по насоки од јавен обвинител извршен е разговор со повеќе лица.

Паричните средства во висина од 3.000 денари се одземени. По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.

Ова е втор случај на поткуп на гласачи во источниот регион, на територија на СВР-Штип. Првиот беше во општината Лозово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во Скопско

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“

Редакција

Левица бара да се отфрли „францускиот предлог“: Ги содржи сите негаторски бугарски барања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница