еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за повикување на насилство преку Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против В.Ч. (51) за објавена содржина на социјалната мрежа Фејсбук со која повикува на насилство односно сторено кривично дело по член 144 ст.4 Загрозување на сигурност и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од КЗ на РСМ.

„В.Ч. на 31.07.2019 беше повикан во ПС Чаир и од него е одземен мобилен телефон, информира МВР.  Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи.

Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата: [email protected]“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две бугарки „оперирале“ на Битпазар

Редакција

Приватните превозници во Скопје до петок ќе возат само наутро, од понеделник не се знае дали воопшто ќе возат

Редакција

Кривична пријава за лекарка која неосновано издала потврда за движење во време на полициски час

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница