еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за пукање на семејна веселба

Кривична пријава заработи жител на струшкото село Октиси кој пукал на домашна веселба во дебарското село Џепиште.

„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(62) од струшкото село Октиси. Тој, на 19 јули 2020 година во 16:50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба пукал од пиштол“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Расположениот стружанец во куќа сопственост на Е.Е. од селото Џепиште, испукал седум куршуми од пиштол „застава М-57“ калибар 7.62 мм.

Според Димоски, Џ.И.пиштолот го поседувал со дозвола.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени двајца Руси откако при претрес во хотел им откриле марихуана

Редакција

„Вкуси ја традицијата“ во Градски парк: Ќе бидат изложени 2.000 производи како слатко, ајвар, зимница, вино, ракија

Редакција

Бизарен обид за фалсификат: Му ветил награда за да му положи возачки испит

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница