еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за скопски угостител кој работел по дозволеното време

На 17.12.2020 во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул. „Дебарца“ во Скопје, информира МВР.

При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот.

Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.

„По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија““, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Малолетник почина во судар меѓу два мотоцикли

Редакција

Приведена тетовка осомничена за кражба во фирмата каде што работела

Редакција

Во поликлиниките на територија на град Скопје вакцинирани 371 дете

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница