еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за тероризам за 63-годишен тетовчанец за лажни пријави за бомби во Делчево

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27.12.2022 година до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(63) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

На 17.12.2022 од својот мобилен телефон, пријавениот С.Ѓ. се јавил во ОВР Делчево, при што лажно се претставил и пријавил дека на повеќе локации во градот има поставено бомби.

Полициски службеници извршиле преглед на посочените објекти, при што не биле пронајдени сомнителни предмети.

По преземени мерки и активности, на 22.12.2022 С.Ѓ. бил лишен од слобода и во Полициската станица Тетово со него бил извршен службен разговор, по што му бил одземен телефонот и две СИМ картици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Редакција

Детален преглед: 66 од компаниите кои котираат на Македонската берза со добивка во првото полугодие, 22 со загуба

Редакција

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница