еМагазин
Image default
Локално

Кривична за вработен во МВР кој одобрувал возачки дозволи за лица без положен испит

Oдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.Ј., помлад референт за управни работи – Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување„, информира МВР.

Во периодот од март до мај 2020 година, пријавениот во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит.

Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор за 41-годишник од Кавадарци осомничен за полов напад врз деца

Редакција

Детали за јавниот повик: Субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди

Редакција

20-годишно момче загина во сообраќајка во Кавадарци 

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница