еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава против двајца кумановци: Во казино играле со фалсификувани евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Р. (43) и Н.С. (32) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, информира МВР.

„Пријавените, на 22.01.2021 од едно лице од Тетово, обезбедиле 37 фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра. На 23.01.2021, во периодот од 05.00 до 06.00 часот, ги пуштиле во оптек како вистински во казино во Куманово, од кои 26 банкноти ги размениле кај вработените на каса во денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 79.950 денари и за истиот износ го оштетиле казиното, а парите ги трошеле на игри на среќа во казиното.

Откако вработените се посомневале дека банкнотите не се вистински, случајот го пријавиле во СВР Куманово.

Од страна на полициски службеници од казиното се одземени 26 банкноти во апоени од по 50 евра, а од патничко возило „мерцедес“, сопственост на А.Р., кое било паркирано во близина на казиното, при извршен преглед, биле пронајдени 11 банкноти во апоени од по 50 евра, кои се одземени“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца го тепале пред кафана на Кејот во Скопје

Редакција

Опожарени две возила во Скопје

Редакција

Сопруг и син од Тетово приведени поради семејно насилство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница