еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичниот суд Скопје ја потврди казната од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино

Кривичниот суд Скопје денеска ја потврди првична казна од 19 години затвор за Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соизвршителство во убиството на Пинета Секондо-Пино.

Судскиот процес за овој предмет од страна на Апелациониот суд Скопје, беше вратен на повторно судење заради вештачењата. Во повторното судење вештачењата беа разјаснати од самите вештачи.

Судењето за овој предмет го водеше судијката Ленка Давидкова, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лидија Раичевиќ.

Прво обвинет во овој предмет е Али Фуркан, но постапката против него не се води од причина што тој е во бегство.

МИА/Фото: Фејсбук/Пино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителите да работат до 21 часот, а административците од дома и во смени, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

Проф. Трајковски пресмета колку е реалната смртност од Ковид-19

Редакција

Нови 454 случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница