еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Војната во Украина во Европа ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство

Руската инвазија врз Украина ја зголеми побарувачката во Европа за оружје од американско производство.

Владите на државите од Европа до американските власти и воената индустрија веќе доставуваат списоци со нарачки на оружје, вклучувајќи дронови, ракети и противракетни системи.

Германија која до довршува договорот за набавка на 35 авиони „Ф-35“ се интересира и за одбранбени системи против балистички ракети, пренесува агенцијата ХИНА изјава на добро упатен извор.

Полска сака од САД да купи софистицирани дронови „Рипер“, соопшти претставник на полските власти.

Нарачки стигаат и од други држави кои сакаат да набават оружје што се покажало ефиканско во борбите на украинскатаа одбрана со руските сили, вклучувајќи противавионски ракети „Стингер“ и противтенковски ракети „Џавелин“, велат извори на чии извори се повикува ХИНА.

Барањата за оружје и воена опрема доаѓа во време кога Европа ги проширува воените буџети, најмногу Германија, Шведска и Данска.

Мара Карлин, високата претставничка на Пентагон, пред Конгресот истакна дека европските сојузнички држави на САД ги удвојуваат издатоците за одбрана. Оттаму што за извоз на американско оружје е потребна дозвола од Владата, Пентагон седмично одржува состаноци со Европскиот тим за кризен менаџмент на кои се разглегува секоја нарачка поединечно.

За да се забрза одобрувањето односно добивањето дозвола за извоз, Пентагон формираше посебен тим што ги обработува бројните нарачки.

Зголемените нарачки на оружје ја подигна вредноста на акциите на американската наменска индустрија. Акциите на „Локид Мартин“ што меѓу другото произведува борбени воени авиони авиони „Ф-35“ и ракети „Џавелин“ се покачија за 8,3 отсто, додека на „Рајтеон технолоџис“ што произведува „Стингер“ пораснаа за 3,9 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како Украинците му одаваат почит на загинат војник, снимка која го обиколи светот

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ја прекине практиката на изложување на заробените руски војници во јавноста

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Редакција

Компанијата Дади компани донира гориво за противпожарните возила

Редакција

Тројно убиство во Дебар: Со пиштол им пресудил на родителите и 14-годишната ќерка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница