еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Поради корона вирусот, „Кромберг и Шуберт“ привремено запира со работа

Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа.

Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.

„Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука.

Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука. Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија“, посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени, препорача Владата

Детален преглед: Прв сет економски мерки на Владата за ублажување на последиците од коронавирусот

„Стандард и Пурс“: Глобална рецесија поради коронавирусот во 2020 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со „Озонвеј„ вреден 5,6 милиони евра

Редакција

Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари

Редакција

ТТК Банка оствари добивка од 922.000 евра во првото полугодие од 2019 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница