еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Крушево очекува 3.000 гости за Велигденските празници

Од 2.000 до 3.000 гости и посетители очекува Крушево за велигденските и за првомајските празници. Ова за историско и туристичко Крушево е како подготовка за сезоната со алтернативни, авантуристички спортови кои носат домашни и странски туристи.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски добрата зимска сезона оправдано ги отвора очекувањата за посетители.

-Се опоравуваме од пандемијата, се ослободуваат мерките и очекуваме многу поголема посетеност, иако, продолжената зимска сезона е една од најефектните и за сместувачките капацитети и за угостителството во градот. Очекуваме 2.000 до 3.000 гости и околу 80 насто исполнетост на сместувачките капацитети. Располагаме со околу 1.000 легла, од кои 600 во приватниот сектор, вели Хриостоски.

Напоредно градот работи и на проекти за поголема туристичка атрактивност. Во тек е големиот проект за прекугранична соработка со Елбасан од Албанија од преку 700.000 евра.

-Тоа ќе ја зголеми туристичката понуда во градот и оваа посетеност за празниците, Велигденските и првомајските, е најава за сезоната на авантуристичките и адреналински спортови. Ќе имаме првенства во параглајдерство, последните подготовки за светското првенство во змајарство, за жал ќе ги немаме руското и украинското првенство, но очекуваме голема туристичка раздвиженост во наредниот период, објаснува Христоски.

Градот се подготвува за голем меѓународен бизнис саем кој треба да се одржи пред Илинден, на 30 и 31 јули.

Сотир Габелоски од локалната самоуправа вели дека веќе е одржана средба со бизнис секторот за подобар настап на саемот што треба да донесе бенефит и за бизнисот и за туризмот.

-Очекуваме учество на компании од земјава и Регионот, да се претстават со понудата и производството, да ги воспостават бизнис релациите, а ние имаме и понуда за инвестирање. Тука е индустриската зона „Опаленик“. Сето е во интерес на поголеми вработувања од една страна и поголема туристичка понуда од друга страна, вели Габелоски.

Крушево ги чека гостите за празниците како подготовка на летната туристичка понуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците „навалија“ на Белград за Велигден: Србија топ-дестинација за продолжениот викенд

(Фото) Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

МИА/Фото: Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена почината исчезната Станика Китановска од кумановско, на телото имала траги од напади на животни

Редакција

Тешко повреден полициски службеник откако бил нападнат од 13 лица во струмичко

Редакција

Скопје, Тетово, Штип и Куманово се во 4 фаза: Проценка за понатамошно ширење на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница