еМагазин
Image default
Свет

Крузер не смее да влезе во Сан Франциско, 20 лица пријавиле симптоми на коронавирусот

На крузерот „Гранд принцес“, на кој претходно имало двајца патници заразени со новиот корона вирус, не му е дозволено да се врати во пристаништето во Сан Франциско од каде тргна на нов пат кон Хаваите, откако 20 лица пријавиле симптоми слични на коронавирусот.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом изјави дека бродот, на која има повеќе илјади патници, ќе остане на море се додека не бидат тестирани патниците и членовите на екипажот со симптоми кои можат да се поврзат со новиот корона вирус.

Тестовите за присуство на коронавируси ќе бидат доставени до бродот, а подоцна ќе бидат анализирани во државната лабораторија во заливот во Сан Франциско.

„Процесот може да се заврши за неколку часа,“ рече Њусом.

Симптоми, кои можат да бидат последица на новиот коронавирус, но и на сезонски грип и настинки, пријавиле 11 патници и десет членови на екипажот. Во зависност од резултатите од тестовите, бродот може да се пренасочи некаде надвор од Сан Франциско.

Крузерот се упати кон Хаваите, но се врати во Сан Франциско откако некои патници и членови на екипажот почувствувале симптоми кои можат да бидат поврзани со коронавирусот.

На претходното патување кон Мексико, на крузерот имало двајца патници, за кои било утврдено дека се заразени со коронавирусот. Здравствените работници изјавија дека тие најверојатно се заразиле на бродот.

Еден од нив, постар човек кој живеел во близина на Сакраменто во Калифорнија, кој веќе имал здравствени проблеми, почина од последици од коронавирусот.

Другиот е многу болен, информира Њусом и додаде дека здравствените власти, со помош на Центарот за контрола на болести, се обидуваат да контактираат со 2.500 патници кои патувале во Мексико.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца странци се тестираат на корона вирус, хотелот каде престојуваат e во карантин

Саудиска Арабија го забрани аџилакот во Мека поради коронавирусот

Земјите што произведуваат нафта изгубија 10 милијарди долари поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

ЕУ одобри милијарда евра за набавка на муниција за Украина

Редакција

Црн рекорд во Индија: Околу 4.000 починати од Ковид-19 за едно деноноќие и нови 412.000 случаи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница