еМагазин
Македонија

Кујтим Фејзулај, терористот од Виена, по потекло од Македонија, лани обезбедувал болници

Исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулај, кој на 2 ноември уби четири и повреди повеќе од 20 лица во центарот на Виена, минатата пролет работел во компанија за обезбедување на болници.

Неговиот долгогодишен пријател, кој е во истражен затвор, бидејќи е осомничен за соучесништво, рекол дека Фејзулај, за време на првиот карантин во Австрија по почетокот на пандемијата на коронавирусот, бил вработен на минималец, како обезбедување во болница.

Тој немал работен однос со болницата, туку со компанијата што ја презела работата за обезбедување на здравствената установа.

Според протоколот на сослушувањето, компанијата што му ја дала работата, преку групата „Ватсап“, на дневна основа организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите.

Осомничениот исто така рекол дека Фејзулај му понудил да заработи пари со обезбедување на објекти, но тој го одбил.

Локалните медиуми јавија и дека најверојатно е решена мистеријата за тоа како тој стигнал до центарот на Виена – наводно користел „Убер“ за да дојде до местото на злосторството со целото оружје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муслиманските гробишта во Виена одбиле да го погребаат терористот Кујтим Фејзулаи

Во терористичкиот напад во Виена загина и Неџип Вренези, кој по потекло бил од струшкото село Велешта

Во Челопек осуда на терористичкиот напад во Виена во кој учествуваше момче со потекло од селото

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Регистрирани 332 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Кривична за градоначалникот на Шуто Оризари, незаконски поставувал директори во градинка

Редакција

(ВИДЕО) Столтенберг пристигна во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница