еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанскиот експерт Кула: Со Македонија сите се мајтапат, секој поставува услови

Еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, со оценка дека ова што се случува со Македонија е потсмев и оти е неправда која не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Македонија и следствено со Албанија, Кула рече дека „секој поставува услови за Македонија, без разлика на правата на граѓаните кои живеат таму“.

-Вистината е тоа, дека со Македонија, простете ми за изразот, сите се мајтапат. Кога беше историјата, Грција ги условуваше со името, овие другите ѝ го условуваат јазикот, Еди Рама вели дека е западна Бугарија, Србија ја условуваше црквата. Дали овие граѓани таму кои ќе станат дел од ЕУ имаат некакви права? Проблемот е што цела Македонија ја ставивме на средина и ја направивме како салата, изјави тој.

Додава, дека „проблемот е што ѝ се прави на Македонија“, и дали „македонската Влада ќе го прифати падот“, како и дека Албанија е жртва на ова и не треба да се условува.

-Бугарија го одобри францускиот план. Сега доаѓаме до делот каде што зборуваме за средината, бидејќи во Скопје има политичка дебата, а политичката дебата во Скопје од страна на премиерот е дека не го прифаќаат францускиот план. Повторувам, ние сме земени како заложници, за политичко прашање кое нема врска со Албанија, таа е жртва на ова и не треба да се условува. Ова е вистината, сакал некој да признане или не, посочува Кула.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Враќањато на српскиот јазик во училиштата покажува дека не се раскинати врските меѓу Скопје и Белград

Редакција

(Мапа) Во кои скопски општини има најмногу заболени со коронавирусот

Редакција

(Видео+фото) „Падна“ Азовстал, последниот бастион на отпорот против руската армија во Мариупол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница