еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кумановец почина откако со автомобил удрил во паркиран автобус

Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие.

Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал, информираше полицијата.

На сообраќајката интервенирала и противпожарната служба од Куманово, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово од каде бележат техничка интервенција на тешка сообраќајна несреќа на судир помеѓу патничко возило и автобус, каде едно лице им подлегна на повредите и го загуби животот.

– Интервенирано е во временски период од 20:55 до 21:20 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, информира РЦУК Куманово.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрена нова систематизација: Бројот на вработени во МРТ ќе се зголеми за 460 лица

Редакција

Не е сосема сигурно дека коронавирусот ќе исчезне во летниот период

Редакција

Почеток на преговорите со Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, вели еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница