еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кумулативната инциденца во Куманово над 110, расте и во Скопје, Прилеп и Струга

Анализата на податоците за заболените од корона вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 9. април, покажува нов раст на кумулативната инциденца во Куманово.

Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 117,7, додека инциденца над 40 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Прилеп и Струга“, покажува анализата на ИЈЗ.

До 8. април таа во Куманово беше 100,2, до 7. април, 91,1, до 4 и 3. април, според податоците на ИЈЗ, беше 65,2.

Во Скопје, Прилеп и Струга, пак заклучно со податоците до 8. април беше 30.

Како изгледа состојбата по другите градови погледнете на мапата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: 32 починати од коронавирусот во Македонија, најмногу во Куманово

Сите детали: Над 60 години најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Драстичен раст: 95 здравствени работници заболени од коронавирусот во Македонија

Фото: Општина Куманово/Мапа: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ресторан „Делфин“, убаво средено место среде зеленило, жубор на река, ранч за неповторливи доживувања

Редакција

Мицкоски: Непријатно е во вакви услови да се зборува за избори

Редакција

35% од луѓето во Македонија се дебели, за прв пат 25 пациенти ќе може да се оперираат од обезност

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница