еМагазин
Image default
Македонија

Куновска: ВМРО-ДЕЗОРИЕНТИРАНА со Мицкоски или со GPS

Не е некоја голема мудрост да се каже, зашто и дечињата занаат, дека претседателел или лидер се избира за да води т.е. предводи една политичка партија. Но ако и првиот човек на една од најголемите политички партии во една земја се води од навигацијата на терен, како што во случајов признава Мицкоски, тогаш лично тој индиректно го потврдува заклучокот дека нема доволно визија и капацитет па и самиот е следбеник, а не предводник, напиша на својот Фејсбук профил Софија Куновска, актерка и поранешна пратеничка од редовите на СДСМ.

„За стратешките прашања и долгорочните цели да се нема изградени политики и да се има страв да не се загубиш во сопствената држава па да се потпираш на “навигација“ е или несреќно избран термин или нешто многу пострашно, тотална политичка неукост и дезориентација.

Неможноста и некадарноста на ВМРО ДПМНЕ да се позиционира себеси на политичката мапа на својата држава во ваков клучен момент ја потврдува излишноста од потребата за нивно постоење и е само уште една оверена потврда дека тоа е злосторничко здружение формирано исклучиво заради остварување на поединечни клиентелистички цели, а не заради доброто на својата земја.
Така било секогаш и за жал така е се уште“, напиша Куновска.

Фото: Фејсбук/Софија Куновска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охриѓанецот Топалоски се „предомисли“: „Нефи Усеини ми е пријател, недоразбирањето е надминато“

Редакција

Антикорупциска ќе покрене прекршочна постапка против директорот на АХВ

Редакција

Лажен оџа од Кочани, кој требал да „лекува“ девојче од црни магии, два пати ја силувал во стан во Гостивар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница