еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Курц: Австрија ќе се залага за започнување на преговори на Македонија со ЕУ во првата половина на 2021

Австрија во потполност го поддржува европскиот пат на целиот Западен Балкан и ќе се залага за започнување пристапни преговори со нашата земја и Албанија во првата половина на оваа година.

„Наш стратешки интерес е да го внесеме регионот во ЕУ што е можно побрзо“

Ова го вели австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за февруарскиот број на белградскиот магазин „КорД“.

Тој изрази посебно жалење што земјава, како „примерен-кандидат“, сè уште ги нема отворено пристапните преговори со ЕУ.

„Австрија ќе се залага за започнување на долго задоцнетите преговори за членство со Северна Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година“, додаде Курц.

Србија, пак, истакнува тој, има единствена одговорност да покаже дека Западен Балкан напредува по својот европски пат со значително забрзување на сопствените реформски напори и постигнување на конкретни и опипливи резултати во владеењето на правото и другите основни области.

„Постојаниот ангажман со добра волја во преговорите и постигнување на сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализирање на односите (со Косово) е клучно за напредок на европскиот пат“, кажа Курц.

Тој исто така изјави дека Австрија останува пријател на Западен Балкан и во време на кризата и дека поддршката на регионот во борбата против пандемијата со Ковид-19 е нејзин главен приоритет.

Потсети дека Австрија неодамна ветила 2,4 милиони евра за иницијативата Ковакс, додека ЕУ одлучи да стави на располагање 70 милиони евра за вакцините за Западен Балкан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Редакција

ЕУ нема да ги продолжи договорите за вакцините со „Џонсон и Џонсон“ и со „АстраЗенека“

Редакција

Нема промена на ставот на Франција за старт на преговорите со ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница