еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

Додека лидерите на Западан Балкан на Бледскиот стратешки форум во Словенија по којзнае кој пат повикаа да се забраза интеграцијата на овој регион во Европската унија (ЕУ), а нејзините преставници ја повторуваа познатата реторика дека место на регионот е таму, францускиот претседател, Емануел Макрон, истиот ден на собир на француските амбасадори во Париз порача дека ЕУ можеби треба да еволуира кон унија со различни брзини, додека размислува како да ги интегрира Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Тој рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да се прошири со нови земји и мора да изгради консензус меѓу повеќе од 30 земји.

„Ризик е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформа. Можам да посведочам дека доволно е тешко за Европа да напредува на чувствителните теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно“, кажа тој.

„Потребна ни е храброст да прифатиме поголема интеграција во некои области и можеби дури и Европа со различни брзини“, додаде тој, без да објасни како ќе функционира ЕУ со различни брзини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија го смени името и сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, порача српската премиерка од Блед

Тоа што ѝ го правиме на Македонија не е фер и е штетно за имиџот на ЕУ, порача хрватскиот премиер од Блед

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На пензионерите и корисниците на парични права не им е потребна одјава од „Еуростандард банка“, за да отворат сметки во други банки

Редакција

Димитров: Вон ЕУ не можеме целосно да го комплетираме Преспанскиот договор

Редакција

Нова кривична за бегалецот Перпарим Бајрами

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница