еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лани од насилна смрт во Македонија умреле 486 лица

Бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 28.2% во однос на претходната година и изнесува 486.

Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2%. Во структурата  на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа  72.8%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 78.6%, самоубиствата со 20.2% и убиствата со 1.2%.

Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 55.1% во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација, со учество од 12.3% во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин учествуваат со 0.8% во однос на вкупниот број случаи на насилна смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните две години во ЗОО Скопје починале 25, а се родиле 73 животни

Редакција

(Фото) И сопругата на Заев од трибина во Букурешт ги бодри македонските фудбалери

Редакција

Уапсени поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири, актуелниот министер Салиу, поранешни и сегашни директори на ДЗС, за пожарот во Кочани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница