еМагазин
Image default
Македонија

Благица Ласовска нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја избра Благица Ласовска за претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски секретар за меѓународна соработка.

Ласовска, која до сега беше в.д претседател, е поранешен претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за секретар за меѓународна соработка да го назначи Тимчо Муцунски, кој е докторанд и асистент на Правниот факултет при УКИМ и поранешен заменик министер за информатичко општество и администрација.

Муцунски во изминатите години извршувал повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ, од кои член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, како и советник за меѓународни односи на претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на партијата, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев и Панделевски излегуваат од „Шутка“, добија мерка куќен притвор

Редакција

Детален преглед: Со спорниот член 279-а од Кривичниот законик се врши директен упад во случаите на СЈО

Редакција

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница