еМагазин
Image default
Балкан

Лавина на Банско однесе двајца млади животи

Момче и девојка Бугари загинаа во лавина на скијачкиот центар Банско, популарен и помеѓу Македонците.

Според пишувањата на бугарските медиуми, тие скијале надвор од пистите, во близина на врвот Тодорка, по патеки кои најчесто ги користат екстрмени скијачи и сноубордери.

Инцидентот се случил околу 12 часот. Големата лавина ги влечела телата 800 метри и ги однела 50 метри до „Бандерица“. Иако носеле елечиња на надувување, тоа не ги спасило. Во акцијата учествувале две кучиња –спасувачи.

Поради обилните снежни врнежи последните денови, опасноста од лавини на планините е значително зголемена, за што постои и предупредување од Планинските спасителни служби.

Лавините на Алпите однесоа десетици животи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

Редакција

Почна процедурата за смена на Каили од потпретседателското место во Европскиот парламент, Катар негира инволвираност во скандалот со корупција

Редакција

Бугарија воведе задолжителен карантин од 14 дена при влез на македонски граѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница