еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни се денешните пријави за поставени бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Лажни се дојавите за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи по извршените проверки во објектите.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.

Министерството наведува дека веднаш по добиените пријави, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп и во Основниот суд во Охрид

Дојавата за бомба во Судот во Охрид лажна, вработените вратени на работните места

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за 2,5 денари

Редакција

(Видео) Крмов кршеше во Собрание, Апасиев со чевел ставаше печат на амандманите за Деловникот

Редакција

Македонците кои се враќаат од Италија потенцијална коронавирус „бомба„

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница