еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово, завршија сите потребни проверки, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово и е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.

Пријави за закани за наводно поставени бомби кои пристигнале на електронските адреса денеска имаше во 17 основни училишта и 22 средни училишта во Скопје, како и во осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем дел од денешните дојави за бомби во училиштата – лажни, проверката во останатите продолжува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска: Бркањето на Богојески покажува тежок очај во ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Ахмети знае каде е Груби, ќе го повика ли Обвинителството на распит?

Редакција

Единасетта жртва на корона вирусот во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница