еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

„Леб и сол“ ќе добијат Орден за заслуги од претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија ќе ги одликува Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Македонија.

Церемонија на одликување со Орден за заслуги ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19:30 часот.

Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан се смета дека ја сочинуваат најоригиналната постава на легендарните „Леб и сол“, култната македонска група која со своето делување ја испиша современата македонска музичка историја.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието немало инструменти за испитување дали има злоупотреба на патните трошоци на пратениците, вели Џафери

Редакција

ЕСМ склучи договор со Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп вреден 3,4 милиони евра

Редакција

На возраст од 40 до над 60 години, хоспитализирани 5 лица, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница