еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Лек за уништување на сите цврсти видови рак почна да се тестира на луѓе

Американски научници развиле лек во форма на таблетка, кој при претклиничките тестови ги уништил сите цврсти видови на рак и ги оставил здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Научниците од „Сити на Хоуп“, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во која се детално опишани првите резултати од тестирањето „таблетки за уништување на ракот“ AOH1996.

Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма, е „клучен во репликација на ДНК и поправка на сите тумори кои се шират.

Нашата таблетка за убивање рак е како снежна бура која затвора клучен центар на авиокомпании, затворајќи ги сите дојдовни и појдовни летови само во авионите кои ги превезуваат клетките на ракот,“ соопштија од организацијата.

Професорката ги нарече резултатите ветувачки и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го сузбие растот на туморот во клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.

Таблетката се покажала како ефикасна во третманот на клетките кои потекнуваат од ракот на дојката, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.

Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.

Студијата е објавена во списанието „Cell Chemical Biology“.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостиварска „Пелагонија“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за санација на свлечиштето Маврово-Галичник вреден 380.000 евра

Редакција

Кој ќе биде нов гувернер на Народната банка, се шпекулира со четири имиња

Редакција

И Русите со двојно државјанство ќе може да бидат повикани во војска, Путин потпиша указ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница