еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лекот ремдесивир одобрен во ЕУ, следен чекор е да се даде зелено светло за употреба

Европската комисија соопшти денеска дека го одобрила користењето на лекот ремдесивир во террманот на случаите со Ковид-19 во ЕУ, јави ДПА.

– Ние нема да оставиме еден камен непоместен во нашите напори да обезбедиме ефикасни третмани или вакцина против коронавирусот, изјави Стела Киријакидес, еврокомесарката за здравство.

Одобрувањето на извршната рамка на ЕУ, издадено во петокот, според германската агенција, е следниот чекор на лекот да му се даде зелено светло за употреба.

Ремдесивир е првиот лек што се здоби со вакво одобрение за употреба во ЕУ.

Ремдесивир, произведен од американската биотехничка компанија „Гилеад“, првично бил развиен за третман на заболени со ебола, но имал мал ефект.

Меѓународната студија на крајот на април со над 1.000 учесници покажа дека реместивирот може да го намали времето потребно за заздравување на пациентите со Ковид-19 во просек од 15 на 11 дена.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВЕРО ги замрзна цените на 100 производи за следните шест месеци

Редакција

(Видео) Пендаровски до Милков: На Голи оток ги испраќаа тие што беа за Сталин, а не затоа што биле Бугари

Редакција

(Аудио) Нова „бомба“ со Зоран Милески Кичеец: Се спомнуваат 300.000 евра и имиња на функционери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница