еМагазин
Image default
Македонија

Ленче Николовска и Мерсел Билали нема повеќе да го советуваат Заев

Ленче Николовска и Мерсел Биљали нема повеќе да го советуваат премиерот Зоран Заев.

Биљали му беше надворешен соработник за подготовка на анализи извештаи и мислења за унапредување на меѓуетничките односи, а Николовска посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство.

И двајцата поднеле оставки, кои ги потврди и Заев.

“Дел од советниците сами пристапија. На пример Мерсел Биљали кој имал ќерка за вработување вели морам да внимавам, Антикорупциска е сериозна кога ги испраќа пораките, јас правам чекор за детето. Но, тука сум и работам.

Ленче Николовска вели веќе имам друг мегдан, можеби и подобро ќе заработам. Отворам агро иницијатива во медиумскиот простор. Верувам дека таму ќе бидам и подобро платена и поисполнета, ќе дадам може и поголем придонес од тоа што верувам и како граѓанин. Имаме таква дискусија меѓу сите нас и верувам дека тоа е добро“, изјави денеска Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, му врати Генчовска на Османи

Редакција

Академија за протокол со потсетување каде му е местото на македонското знаме

Редакција

Бројот постојано расте: Регистрирани 869 прекршоци за неносење заштитни маски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница