еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Партијата Левица одлучно и со индигнација ја одбива поканата за учество во т.н. работни групи за најавената повторна насилна промена на Уставот, велат од таму.

-Ултиматумот на бугарските служби и агендата на Софиската платформа која ја поткрепува пробугарската власт на ДУИ и СДС, не ја прифаќаме и истата мора да биде остро одбиена од сите релевантни политички чинители на кои државните интереси им се од највисок приоритет.

Спротиставувањето на ова потчинување пред соседните апетити претставува антифашистички чин, независно од сите лаги за европска извесност која квислиншката власт лажно ја ветува.

Затоа, повеќе од било кога, потребна е одбрана на државата и македонските национални интереси. Во нивна одбрана Левица ако треба ќе застане и сама.

Отварањето на Уставот е предавство!, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демократски сојуз нема да учествува во работната група за промена на Уставот

Алтернатива нема да учествува во работната група за измени на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Топлото време ја продолжи летната сезона во Грција, температурата на водата 25 степени

Редакција

Повеќе од 1.000 текстилни работници од источниот регион добиле плата под минималната

Редакција

(Видео) Го почуствував „мирисот на смртта„ ноќта кога немав надеж дека ќе бидам спасен, раскажува Иван за грчките медиуми

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница