еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собранието

Од Левица информираат дека поднеле кривични пријави против двајцата пратеници од мнозинството, кои се болни од Ковид-19, а дојдоа во Собранието да гласат,а како и против претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

Апасиев се заканува со кривична за биолошки тероризам, оти болната од Ковид-19 пратеничка отиде во Собрание да гласа

„Денес, Политичката партија Левица и нејзините пратеници во Собранието на Република Македонија (Димитар Апасиев и Борислав Крмов) поднесоа пријава до Државниот санитарен и здравствен инспекторат – со известување за прекршување на мерката строга изолација (карантин), како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против пратениците Бисера Костадинова-Стојчевска од Битола и Мирослав Богдановски од Скопје, како и против претседателот на Собранието – Талат Џафери.

Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката.

Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина!

Очекуваме од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите“, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеничката Костадиновска која гласаше во скафандер порача: Се ќе издржам, и да ме колните и да ми пишете дека ќе одам затвор, и дека „готова сум”

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Полицајци пред Собрание при апсење легнаа врз момче, кое врескаше и се жалеше на болки

Редакција

„Ѓока констракшн“ нема да ја гради катната гаража во Клинички центар, соопшти Таравари

Редакција

Кои се нафтените компании кои со лажни фактури се обиделе да го оштетат буџетот за околу 3 милиони евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница