еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Лицата од анектираните територии на Украина што ќе одбијат да земат руско државјанство ќе се сметаат за странци и може да бидат депортирани

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се дозволува депортација на жителите на анектираните украински територии кои одбиваат да земат руско државјанство.

Уредбата беше објавена на 27 април на официјалниот портал за информации за законите, јавува Радио Слободна Европа.

Според декретот, граѓаните кои „изразуваат желба да го задржат постојното државјанство или да бидат без државјанство“, а не стекнале руско државјанство ќе се сметаат за странци од 1 јули 2024 година. Се наведува дека Украинците кои живеат во припоените области мора или да станат руски државјани или официјално да одбијат да го сторат тоа, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Жителите на анектираните територии кои добиваат статус на странци или лица без државјанство и ја загрозуваат „националната безбедност“ на Русија можат да бидат депортирани.

„Оние кои претставуваат закана за националната безбедност, се залагаат за насилни промени во основите на уставното право, финансираат тероризам и екстремистички активности или учествуваат во незаконски активности“, се вели во декретот, може да бидат депортирани.

Дополнително, како странци ќе се сметаат и луѓето кои живеат на окупираните територии на Украина на денот кога тие региони биле анектирани и граѓаните кои претходно живееле на тие територии и се преселиле во Русија, но изразиле желба да го задржат украинското државјанство, се наведува во декретот.

На 30 септември Путин потпиша документ со кој се официјализира обидот на Русија за анексија на украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, чии делови се окупирани од руските сили.

Пред Путин да го потпише документот, Москва одржа референдуми во четири региони за време на војната, чии резултати беа отфрлени од меѓународната заедница како целосно нелегални.

Четирите региони заедно со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, сочинуваат околу 20 отсто од територијата на Украина и тие содржат некои од најиндустриските делови на земјата.

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна пријавувањето за зелена карта за САД за 2026

Редакција

1.000 прехранбени и непрехранбени производи ќе имаат ограничени маржи

Редакција

Бугарија да ги почитува правата на македонската заедница, и одговори Мицкоски на Јотова, која дава совети за почитување на човекови права

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница