еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Лидери на седум земји од НАТО ветија повеќе тешко оружје за Украина

Лидерите на седум земји од НАТО ветија дека ќе го поддржат пристапувањето на Шведска и Финска во Алијансата и ќе обезбедат повеќе тешко оружје за Украина.

Тие ја дадоа поддршката по неформалниот состанок во официјалната резиденција на холандскиот премиер Марк Руте во Хаг, коорганизиран од Руте и неговиот дански колега Мете Фредериксен.

На средбата уште беа претседателот на Романија, како и премиерите на Белгија, Полска, Португалија и Летонија.

„Мојата порака во врска со членството на Шведска и Финска е дека силно го поздравувам. Ова е историска одлука. Ќе ги зајакне нив, ќе не зајакне нас “, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој исто така присуствуваше на состанокот.

Но, Столтенберг, исто така, рече дека Алијансата мора сериозно да ја сфати загриженоста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека нема да дозволи двете земји да влезат во НАТО додека не ја променат политиката за поддршка на курдските борци, кои Анкара ги смета за терористи.

„Нема сојузник на НАТО што претрпе повеќе од терористички напади од Турција“, потсети Столтенберг.

Во меѓувреме, полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја критикуваше досегашната поддршка за Украина, која постојано бараше да и се испрати повеќе и тешко оружје.

„Не направивме доволно за да ја одбраниме Украина, да го поддржиме украинскиот народ, да ја одбраниме неговата слобода и суверенитет. И затоа Ве повикувам, Ве молам, да направите многу повеќе за снабдување со оружје и артилерија на Украина“, рече Моравjецки.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работела лани државната агенција МИА

Редакција

Тегелтија: Се надевам дека ова е последниот самит на Отворен Балкан, на кој Босна и Херцеговина доаѓа како гостин

Редакција

(Фото) Објавена потерница од избеганиот Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница