еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лила сведочеше во „Рекет“: Дента кога го уапсија Боки 13 одевме за Миконос

Долгогодишната пријателка на Бојан Јовановски (Боки 13), Лила Стојановска денеска сведочеше за случајот „Рекет“, при што откри детали за нивниот приватен живот.

Лила и Боки 13 се познавале од неговата 15. година, а со него се дружеле долги години, но три-четири години биле скарани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Денот кога Боки 13 бил уапсен тие биле тргнати на одмор за Миконос. Лила не знае дали тој одмор бил однапред платен, бидејќи си носела пари со себе и како што изјави, никој не бил должен да ги плаќа нејзините патувања. За заедничките патувања за време на викенди рече дека биле случајни средби без претходни планирања.

На укажувањето на обвинителката Гордана Смаќоска дека на нејзина сметка прво биле префрлени 500 илјади денари, а потоа таа истите овие пари ги префрлила како позајмица на сметката на „1ТВ“, Лила и одговори дека: „таа си имала свои пари и никој не и ги дал.“

Таа дала донација од 25 илјади евра, а потоа уплатила позајмица од 500 илјади денари на адреса на „1ТВ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Лила не открива зошто веќе не е пријателка со Боки 13

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Фото: Лила/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Со парите за бензин од апсење-пуштање на Миле ќе реновиравме еден студентски“: Твитер реакции за новото апсење на Јанакиески

Редакција

Сослушани сведоци од генералниот секретаријат на Владата за случајот „Софтвери“

Редакција

Се јави Груевски: Невозможно е да замрзнале мој имот кој го немам и никогаш не бил моја сопственост,

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница