еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“ во кој се гонат Камчев и Мијалков

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да остане надлежна за предметот „Империја“, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Стефанова претходно од државниот обвинител доби овластување и за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, а нејзините колеги Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат „Триста“ и „Тотал“, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила поранешната обвинителка, Лиле Стефанова, која ќе ги застапува „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ефтимов, кој беше повреден во пожарот во Кочани стана дел од тимот на Support Kocani, еве што ќе работи

Редакција

Управата за финансиска полиција да ја прошири кривичната истрага против поранешниот министер Фазлиу, бара Антикорупциска

Редакција

(Видео) Густ чад се шири од депонијата Дрисла

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница