На Листата на должници бр.01/2021 на Управата за јавни приходи (УЈП) објавени се 1.974 должници – правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2021 изнесува 10.562.899.875 денари, повеќе за 237.467.663 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.356.128.004 денари (повеќе за 82.035.038 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 206.771.871 денари (повеќе за 155.432.625 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња и фирми на новата Листата на должници на УЈП
Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП