еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Литванија прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас

Претседателот на Литванија, Гитанас Наузеда изјави дека неговата земја од овој месец нема да увезува руски гас.

– Пред многу години, мојата земја донесе одлуки што ни овозможуваат лесно да ги прекинеме енергетските врски со агресорот. Ако ние можеме да го направиме тоа, може и другите во Европа, напиша Наузеда на Твитер.

Додека во соопштението на литванското Министерство за енергетика се наведува дека литванскиот систем за транспорт на гас од почетокот на месецот работи без увоз на руски гас.

Министерот за енергетика, Даиниус Крајвис изјави дека ова е пресвртница во историјата на енергетската независност на Литванија.

– Ние сме првата земја од ЕУ меѓу добавувачите на Гаспром што стекна независност од испораките на руски гас како резултат на долгогодишна кохерентна енергетска политика и навремени инфраструктурни одлуки, посочи Крајвис.

Доколку е потребно, Литванија може да увезува гас преку гасна врска со Летонија, а од 1 мај преку гасна врска со Полска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Редакција

Втор пораз за македонската репрезентација на Светското ракометно првенство

Редакција

Игор Стефановски-Иџе ќе се бори за нова европска титула со силна поддршка од „Макпетрол“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница