еМагазин
Спорт

Лизгачите на мраз од регионот викендов ќе се соберат во Скопје

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Скопје он ајс 2019“ (Skopje on ICE 2019“), на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“.

Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од кај нас, Србија и Бугарија.

„Нашата желба е преку вакви натпреварувања да покажеме дека нѝ се потребни подобри услови за тренирање на овој спорт преку изградба на затворено лизгалиште“, изјави Цветанка Марковска, претседател на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.

На „Скопје он ајс 2019“ ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години кои ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори.

Натпреварот ќе биде поделен во два дена. Во петок своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории.

За значењето на натпреварот говори фактот што ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU).

Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен. Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како и од повеќе приватни компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РК Алкалоид: Огромна благодарност за поддршката, не по наша вина, финалето не се одигра

Редакција

Град Скопје ќе го награди олимпискиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски со 5.000 евра

Редакција

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница