еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До крајот на неделата променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.

И во Скопската котлина повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината до петок ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Од УХМР со препорака во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат со поголема внимателност, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска тргување со хартии од вредност на Берзата и преку Халк Банка

Редакција

Министерството за одбрана на привремени вработувања ќе потроши 195.000 евра

Редакција

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница