еМагазин
Свет

Луѓето со слаб имунитет во Израел примаат трета доза вакцина на „Фајзер“

Во Израел почнаа со аплицирање трета доза на вакцина против коронавирусот на луѓе со ослабен имунолошки систем.

Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на „имунокомпромитирани“ да примат трета доза од вакцината на „Фајзер“.

Иако најголемиот дел од популацијата е вакциниран, Израел во последните неколку недели бележи постојан пораст на бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот.

Повеќето нови случаи се меѓу деца кои не ги исполнуваат условите за вакцина, а Владата ги охрабрува младите да се вакцинираат. Повеќето новопријавени случаи се со лесна форма на болеста.

Израел вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и речиси 56 проценти со две дози.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските сили влегле во областа Чернобил, можно оштетување на објектот за складирање нуклеарен отпад

Редакција

За десет дена, околу 500.000 деца ја напуштиле Украина

Редакција

(Видео) Израел ја срамнува Газа со земја, сателитски снимки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница