еМагазин
Image default
Македонија

Лукаревска ќе добие висока позиција во новото раководство на СДСМ, Спасовски и Филипче можни потпретседатели?

Владејачката СДСМ во недела на дигитален Конгрес ќе избира ново раководство.

Неделникот Фокус пишува дека директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, најверојатно ќе зазеде висока позиција во новото раководство на партијата.

Според високи партиски извори на Фокус, Лукаревска е една од најсериозните кандидати за една од трите потпретседателски позиции, за кои уште фаворити се и министрите за внатрешни работи и за здравство – Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Лукаревска според Фокус е и во комбинација и за функцијата заменик-претседател, што досега ја извршуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која нема амбиции за трет последоватален мандат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма: Делото за кое се гонат напаѓачите на М-НАВ е меѓународно кривично дело

Редакција

Хоспитализирани се на Пластична хирургија: Двајца од повредените во автобуската несреќа вратени во Македонија

Редакција

Додека сите очи се вперени во Ципрас: Сé уште нема договор за законот за јавно обвинителство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница