еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Лутите ривали во Бугарија, ГЕРБ и ПП-ДБ договорија влада, ќе има ротирачки премиери

Лутите политички ривали во Бугарија, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) и коалицијата Промените продолжуваат – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) договорија влада, која ќе има ротирачки премиери, пренесуваат бугарските медиуми.

Вториот мандат, по неуспехот на ГЕРБ да формира влада, ќе го добие ПП-ДБ, ќе биде национален и ќе се искористи за избор на стабилна влада со рок од 18 месеци, околу која ќе се формира уставно мнозинство.

Академик Николај Денков од ПП-ДБ, ќе биде премиер во првите девет месеци, а во следните девет кандидатката на ГЕРБ за премиер, Марија Габриел.

Во првите девет месеци Габриел ќе биде заменик премиерка и министерка за надворешни работи, а во вторите Денков ќе биде вицепремиер.

На крајот на секои девет месеци премиерот ќе поднесе оставка, двете пратенички групи ќе гласаат и ќе ја поддржат номинацијата на другата пратеничка група за следен премиер, а премиерот во заминување ќе биде именуван за заменик-премиер.

Владата ќе ги спроведе договорените законодавни и административни програми, измените во Уставот ќе бидат подготвени и усвоени во дијалог со сите пратенички групи, вклучително и промени во структурата на Обвинителството и Врховниот суд, пренесуваат тамошните медиуми.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неуспешен и денешниот обид за евакуација на цивили од Мариупол во Украина

Редакција

САД воведоа 33% царини за увоз од Македонија

Редакција

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕСМ за машински интервенции во РЕК Битола вреден 287.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница