еМагазин
Image default
Да помогнеме

Маја Рековиќ: Луѓе ми требате потребен ми е донор, вашите пет милилитри крв ми значат многу

Маја Рековиќ е болна од леукемија и потребен е и донор за да ја победи болеста.

„Барајќи донор за да ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош… ама вашите 5ml крв (не е важна крвната група) од 18-59 години, од 8:30 до 14 часот, секој работен ден, можат да ми го спасат животот.

Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) каде што кажувате дека сакате да станете донор, не мора да кажете дека се работи за мене, ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго.

Луѓе ми требате!  Да дообјаснам… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни јас ќе знам“, вели Маја во апелот на нејзиниот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил на Маја Рековиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можеме да собереме 1.500 евра, и да ѝ помогнеме на Меланија да оперира страбизам

Редакција

По тешка повреда на главата, потребни се средства за лекување на 29-годишниот Роберт

Редакција

Исчезна велешки планинар на ридот Гроот, се молат планинари да се вклучат во потрагата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница