еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Мајката и сестрата на масовниот убиец од белградското училиште се обиделе да ја напуштат Србија и заминат во Македонија

Мајката и сестрата на момчето што го изврши масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се обиделе да ја напуштат Србија, но биле спречени на граничниот премин Прохор Пчињски кон Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мајка и сестра на момчето К. К., се обиделе да ја напуштат државата преку граничниот премин Прохор Пчињски, кон Северна Македонија, но полицијата веднаш ги спречила и биле вратени во Србија, соопштија српските медиуми.

Таткото на момчето е во притвор, кој на почетокот на месецот беше продолжен за уште 30 дена, поради сомневање дека го тренирал К. К. да пука, и дека не го обезбедил оружјето како што налага законот.

Обвинителството проверува и дали М. К., мајка на момчето, се стекнува со елементи на кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице.

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое и определи привремена забрана на М.К., мајката на момчето К.К. кој на 3 мај го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, да отуѓи недвижен имот во нејзина сопственост.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен 33-годишник од Скопје поради сомнение дека го убил својот татко

Редакција

Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.445 тестирања

Редакција

Чулев: Изборите минаа во мирна фер и демократска атмосфера

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница