еМагазин
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем

Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград.

-На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ.

Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Северна Македонија кои патуваат во странство.

-Продолжуваме да ги вакцинираме луѓето кои не се жители на Србија, од Босна и Херцеговина и Македонија, но одзивот од сите овие земји се намалува. Најчесто доаѓаат да се вакцинираат луѓето што патуваат во странство, имајќи предвид дека мерките се засилени во сите земји, да не може да се влезе во ресторан, а ова е многу поекономично, бидејќи преку вакциницијата не треба да се прави ПЦР тест и немора да се плаќа карантин во тие земји.

Предлог е вакцинацијата да не се препорачува, туку да биде задолжителна во многу земји, изјави за Курир, д-р Снежана Калабиќ.

На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“ со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот.

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Историски ден за македонската култура: Албанија ѝ врати на Македонија 20 икони

Редакција

Радев: Го поканив Пендаровски да ја посети Бугарија

Редакција

(Галерија) Изложба на фотографии од македонски џез-музичари Џезтетика во Домот на младите во Белград

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница