еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Македонците најдоа “лек“ за новите цени – Диазепам

Само во текот на вчерашниот ден се издадени 15.700 рецепти за Диазепам, соопшти на својот Фејсбук профил, матичниот лекар Ненад Лазаров, повикувајќи се на официјални податоци од „Мој термин„.

Слично беше и претходниот ден, а податоците на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) покажуваат алармантна употреба на Диазепам во земјава.

Па така според податоците на ФЗО, во 2014 година, се издадени околу 850.000 рецепти за Диазепам, а во 2020 година околу 1.300.000 рецепти.

Податоците за минатата година се уште не се објавени, а по се изгледа поради кризата и постојаниот раст на цените, употребата на Диазепам допрва ќе расте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените допрва ќе растат, подгответе се за тешко време

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство 

Редакција

Орден за воени заслуги за Трајан Гоцевски, Логистичката база на Армијата и Организацијата на резервни офицери

Редакција

Министерството за одбрана склучи договор со Јунајтед Интернешнл Технолоџис, вреден 1,4 милион евра

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница