еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците од Бугарија со порака до Јотова: Денеска требаше да дојдете во Мелник, за да не видиш

Македонците кои живеат во Бугарија денеска ја чествуваа 107-годишнината од смртта на Јане Сандански, а не бугарската потпреседателка Илјана Јотова, која во Битола изјави дека не гледа Македонци во Бугарија и порачаа дека требало да дојде во Мелник за да ги види.

„Бугарската вицепретседателката Илјана Јотова требаше да дојде денес во Мелник на семакедонскиот собор организиран од 7 организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански. Да ги види Македонците во Бугарија за кои ниту чула ниту видела.

Истите оние кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија. Истите оние зарад кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур.

Истите оние за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително последниот на Стејт департманот.

Истите оние кои повеќе од деценија попусто бараат средба со нејзиниот шеф – претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори. Можеби треба да го праша Румен Радев, или заедно да прашаат во канцеларија или архива, кој таму ги крие писмата на овие Македонци та бугарскиот вицепретседател да не знае ништо за нив„, стои во соопштенито на организаторите на семакедонскиот собор.

Фото: Јотова/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како тоа го прави Груби: Коалционите партнери на Заев „летат“ орли кај ќе стигнат

Редакција

За случајот со снимката на Џафери треба да има постапка во Собранието, смета Ковачевски

Редакција

Лидил се подготвува за отварање на првите маркети во Македонија, објавен оглас за вработувања

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница